порасне

Глагол, свршен

Значење на порасне:

1. Стане голем, висок по раст. Тој порасна, извиши и стана голем колку една топола.

2. Достигне зрелост; стане голем на врст. Таа уште не беше сакала никого, а веќе беше порасната. Моите беа имотни и кога пораснав, се школував во голем град.

3. Помине детство, момчештво некаде или во определено окружување, услови. Јас сум в чаршија пораснат.

4. За брада, коса, растение и др. - никне, расне. Брадата ми пораснала, треба да одам на бербер. Пролетта пораснала убава и зелена трева.

5. Се наголеми, нарасне по број, степен или интензитет. Вардар, по обилните дождови, многу пораснал. Борбената свест во нашите широки народни маси порасна. Кога тргнаа претпазливо низ шумата, стравот порасна.

6. (прен.) Добие поголема вредност, се издигне. Неговиот авторитет порасна по првите објавени натписи во весникот.

7. Одгледа некого до израснување. Ги изгледаваме децата, ги пораснавме.

Коњугација: (ќе) пораснеа , (ќе) пораснев , (ќе) пораснел, пораснаа , пораснав , пораснал , пораснат , пораснат , пораснете , порасни .

Изведени зборови:

  • пораснува, глаг. повт. пораснуваат
  • пораснување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Голем(а) да пораснеш! – при искажување благодарност кон дете. Крила му пораснаа – започне нешто со голем полет, занес, одушевување. Му пораснаа акциите – добие голема важност, заземе висока положба, функција. Порасне во нечии очи – стекне голема важност, углед кај некого.

Оригинални податоци:

порасне, пораснат; порасни, пораснете; пораснав, пораснаа; пораснал; пораснат; (ќе) пораснев, (ќе) пораснеа; (ќе) пораснел св. 1. Стане голем, висок по раст. Тој порасна, извиши и стана голем колку една топола. 2. Достигне зрелост; стане голем на врст. Таа уште не беше сакала никого, а веќе беше порасната. Моите беа имотни и кога пораснав, се школував во голем град. 3. Помине детство, момчештво некаде или во определено окружување, услови. Јас сум в чаршија пораснат. 4. За брада, коса, растение и др. - никне, расне. Брадата ми пораснала, треба да одам на бербер. Пролетта пораснала убава и зелена трева. 5. Се наголеми, нарасне по број, степен или интензитет. Вардар, по обилните дождови, многу пораснал. Борбената свест во нашите широки народни маси порасна. Кога тргнаа претпазливо низ шумата, стравот порасна. 6. (прен.) Добие поголема вредност, се издигне. Неговиот авторитет порасна по првите објавени натписи во весникот. 7. Одгледа некого до израснување. Ги изгледаваме децата, ги пораснавме. ◊ Голем(а) да пораснеш! – при искажување благодарност кон дете. Крила му пораснаа – започне нешто со голем полет, занес, одушевување. Му пораснаа акциите – добие голема важност, заземе висока положба, функција. Порасне во нечии очи – стекне голема важност, углед кај некого. ‖ пораснува, пораснуваат повт. ‖ глаг. им. пораснување ср.