порасправи
Значење на порасправи:
1. Расправи, разјасни нешто донекаде, во некој степен. На состанокот го порасправивме тоа прашање.
2. Усно изложи, раскаже. Откако му порасправив, виде дека сум прав.
Конјугација: порасправат.
Изведени зборови:
- (се) порасправа, глаг. несв. (се) порасправаат
- се ~ порасправи, 1. Реши, расчисти некаков спор, договори нешто со некого. Ние сами ќе се порасправиме. 2. Расчисти сметки, се пресмета со некого. Ќе се порасправиме убаво јас и ти кога ќе се видиме.
Оригинални податоци:
порасправи, порасправат св. 1. Расправи, разјасни нешто донекаде, во некој степен. На состанокот го порасправивме тоа прашање. 2. Усно изложи, раскаже. Откако му порасправив, виде дека сум прав. ● се ~ 1. Реши, расчисти некаков спор, договори нешто со некого. Ние сами ќе се порасправиме. 2. Расчисти сметки, се пресмета со некого. Ќе се порасправиме убаво јас и ти кога ќе се видиме. ‖ (се) порасправа, (се) порасправаат несв.