пораз-
Значење на пораз-:
(порас- пред безвучна согласка) Усложнет префикс што означува: а) дека е дејството на првично префиксираниот глагол извршено малку, во мала / некоја мера, во некој степен или уште малку: поразбушави, поразгради, пораздвижи, се пораздени, поразмисли, поразувери, порасече, порашири и др. б) дека извршувањето на дејството на првично префиксираниот глагол има дистрибутивно обележје, т.е. опфаќа множество, многумина, сите (до еден): се поразболи, поразбрка, поразбуди, поразмести, се поразотиде и др.Оригинални податоци:
пораз- (порас- пред безвучна согласка) Усложнет префикс (сп. по- и раз- / рас- ) што означува: а) дека е дејството на првично префиксираниот глагол извршено малку, во мала / некоја мера, во некој степен или уште малку: поразбушави, поразгради, пораздвижи, се пораздени, поразмисли, поразувери, порасече, порашири и др. б) дека извршувањето на дејството на првично префиксираниот глагол има дистрибутивно обележје, т.е. опфаќа множество, многумина, сите (до еден): се поразболи, поразбрка, поразбуди, поразмести, се поразотиде и др.