поразбистри
Значење на поразбистри:
1. Направи нешто, течност, да стане побистро. Откако ја поразбистри водата, почна да црпи со кофата.
2. (прен.) Направи нешто да стане појасно, пообјасни, поразјасни нешто. Треба да ја поразбистриме работата, зашто по тоа прашање не сме едногласни.
Конјугација: поразбистрат.
Изведени зборови:
- се ~ поразбистри, 1. Стане побистар. Водата се поразбистри. 2. (прен.) Стане појасен, се поразјасни. По разговорот ситуацијата се поразбистри.
- (се) поразбиструва, глаг. несв. (се) поразбиструваат
Оригинални податоци:
поразбистри, поразбистрат св. 1. Направи нешто, течност, да стане побистро. Откако ја поразбистри водата, почна да црпи со кофата. 2. (прен.) Направи нешто да стане појасно, пообјасни, поразјасни нешто. Треба да ја поразбистриме работата, зашто по тоа прашање не сме едногласни. ● се ~ 1. Стане побистар. Водата се поразбистри. 2. (прен.) Стане појасен, се поразјасни. По разговорот ситуацијата се поразбистри. ‖ (се) поразбиструва, (се) поразбиструваат несв.