пораздели
Значење на пораздели:
1. Раздели, подели нешто во некоја мера, во некој степен. Тренерот ги пораздели играчите во групи.
2. (разг.) Распредели, даде секому по дел (наследство и сл.). Тој им ја пораздели нивата на синовите.
3. Оддели малку еден од друг, раздвои во некој степен. Никој не можеше да ги пораздели скараните.
4. (прен.) Разедини малку, во некој степен. Постојано се обидуваше да ги пораздели членовите на групата.
Конјугација: поразделат.
Изведени зборови:
- се ~ пораздели, Се раздели, се раздвои малку, во некој степен. По школувањето групата се пораздели.
- (се) поразделува, глаг. несв. (се) поразделуваат
Оригинални податоци:
пораздели, поразделат св. 1. Раздели, подели нешто во некоја мера, во некој степен. Тренерот ги пораздели играчите во групи. 2. (разг.) Распредели, даде секому по дел (наследство и сл.). Тој им ја пораздели нивата на синовите. 3. Оддели малку еден од друг, раздвои во некој степен. Никој не можеше да ги пораздели скараните. 4. (прен.) Разедини малку, во некој степен. Постојано се обидуваше да ги пораздели членовите на групата. ● се ~ Се раздели, се раздвои малку, во некој степен. По школувањето групата се пораздели. ‖ (се) поразделува, (се) поразделуваат несв.