пораздвижи
Значење на пораздвижи:
1. Раздвижи нешто малку, донекаде или уште малку. Стана да ги пораздвижи нозете.
2. (прен.) Вознемири, разбранува малку, во некој степен. Неговиот говор го пораздвижи мислењето на членовите.
Конјугација: пораздвижат.
Изведени зборови:
- се ~ пораздвижи, Се раздвижи малку, донекаде или уште малку. Доста седиш, треба да се пораздвижиш малку. Луѓето се пораздвижија и пак занемеа од изненадата.
- (се) пораздвижува, глаг. несв. (се) пораздвижуваат
Оригинални податоци:
пораздвижи, пораздвижат св. 1. Раздвижи нешто малку, донекаде или уште малку. Стана да ги пораздвижи нозете. 2. (прен.) Вознемири, разбранува малку, во некој степен. Неговиот говор го пораздвижи мислењето на членовите. ● се ~ Се раздвижи малку, донекаде или уште малку. Доста седиш, треба да се пораздвижиш малку. Луѓето се пораздвижија и пак занемеа од изненадата. ‖ (се) пораздвижува, (се) пораздвижуваат несв.