поразгледа

Глагол, свршен

Значење на поразгледа:

1. Разгледа нешто од сите страни. Поразгледај таму кое како стои и не задржувај се.

2. Проучи нешто во помала мера, донекаде. Тој ги поразгледа прашањата изложени во книгата.

3. При донесување решение, оценка – претресе, прецени нешто до определен степен. Комисијата ги поразгледа приложените документи.

Конјугација: поразгледаат.

Изведени зборови:

  • поразгледува, глаг. несв. поразгледуваат

Оригинални податоци:

поразгледа, поразгледаат св. 1. Разгледа нешто од сите страни. Поразгледај таму кое како стои и не задржувај се. 2. Проучи нешто во помала мера, донекаде. Тој ги поразгледа прашањата изложени во книгата. 3. При донесување решение, оценка – претресе, прецени нешто до определен степен. Комисијата ги поразгледа приложените документи. ‖ поразгледува, поразгледуваат несв.