порази
Значење на порази:
1. Нанесе пораз во борба, во натпревар. Тие го поразија непријателот. Тие го поразија противничкиот тим со голема разлика во резултатот.
2. Вчудовиди, запрепасти. Свеста за она што се случи толку го порази, та дури усети трпки по целата снага. И сега го порази она чувство дека тој е одамна тука. Неговата појава го порази.
Коњугација: поразат.
Изведени зборови:
- поразува, глаг. несв. поразуваат
- поразување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
порази, поразат св. 1. Нанесе пораз во борба, во натпревар. Тие го поразија непријателот. Тие го поразија противничкиот тим со голема разлика во резултатот. 2. Вчудовиди, запрепасти. Свеста за она што се случи толку го порази, та дури усети трпки по целата снага. И сега го порази она чувство дека тој е одамна тука. Неговата појава го порази. ‖ поразува, поразуваат несв. ‖ глаг. им. поразување ср.