поразјасни
Значење на поразјасни:
1. Разјасни, објасни нешто во некоја мера. Откако ми ја поразјасни работата, се согласив со него.
2. За време, небо – стане малку поведро, појасно; разведри малку, во некоја мера.
Конјугација: поразјаснат.
Изведени зборови:
- се ~ поразјасни, Се разјасни малку, во некоја мера. По дождот, небото се поразјасни и се појави сонце.
- (се) поразјаснува, глаг. несв. (се) поразјаснуваат
Оригинални податоци:
поразјасни, поразјаснат св. 1. Разјасни, објасни нешто во некоја мера. Откако ми ја поразјасни работата, се согласив со него. 2. За време, небо – стане малку поведро, појасно; разведри малку, во некоја мера. ● се ~ Се разјасни малку, во некоја мера. По дождот, небото се поразјасни и се појави сонце. ‖ (се) поразјаснува, (се) поразјаснуваат несв.