поразмрда

Глагол, свршен

Значење на поразмрда:

1. а) Размрда, раздвижи малку, донекаде. Утринската прошетка го поразмрда и го освежи. Купот се поразмрда и почна да ги коментира неговите зборови. б) Разниша малку, донекаде. Тој го поразмрда дрвото за да падне.

2. (прен.) Натера некого да поработи, да биде поактивен. Наставникот ги поразмрда учениците со тестот.

Конјугација: поразмрдаат.

Изведени зборови:

  • се ~ поразмрда, 1. Се размрда, се раздвижи малку, донекаде. Излезе надвор да се поразмрда. 2. (прен.) Се фати малку за работа, стане малку поактивен. Доста беше одмор, поразмрдај се малку.
  • (се) поразмрдува, глаг. несв. (се) поразмрдуваат

Оригинални податоци:

поразмрда, поразмрдаат св. 1. а) Размрда, раздвижи малку, донекаде. Утринската прошетка го поразмрда и го освежи. Купот се поразмрда и почна да ги коментира неговите зборови. б) Разниша малку, донекаде. Тој го поразмрда дрвото за да падне. 2. (прен.) Натера некого да поработи, да биде поактивен. Наставникот ги поразмрда учениците со тестот. ● се ~ 1. Се размрда, се раздвижи малку, донекаде. Излезе надвор да се поразмрда. 2. (прен.) Се фати малку за работа, стане малку поактивен. Доста беше одмор, поразмрдај се малку. ‖ (се) поразмрдува, (се) поразмрдуваат несв.