поразвие
Значење на поразвие:
1. Развитка малку нешто свиено, завиено; расповие малку, донекаде. Тој малку го поразви пакетот, колку да види што има. Жената го поразви детето.
2. Развие малку, во некоја мера или развие малку повеќе. Вежбите го поразвија, го зајакнаа неговото тело. Читањето ја поразви неговата љубов кон литературата. Во тие услови тој можеше да ја поразвие својата политичка активност. Успеав да ги поразвијам своите мисли. Постепено автомобилот поразви полна брзина.
Конјугација: (ќе) поразвиев , (ќе) поразвиеја , (ќе) поразвиел , поразвив , поразвиен, поразвиј , поразвија , поразвијат , поразвијте , поразвил .
Изведени зборови:
- (се) поразвива, глаг. несв. (се) поразвиваат
- се ~ поразвие, Се развие малку, во некој степен. Тоа лето детето се поразви во вистинско момче.
Оригинални податоци:
поразвие, поразвијат; поразвиј, поразвијте; поразвив, поразвија; поразвил; (ќе) поразвиев, (ќе) поразвиеја; (ќе) поразвиел; поразвиен св. 1. Развитка малку нешто свиено, завиено; расповие малку, донекаде. Тој малку го поразви пакетот, колку да види што има. Жената го поразви детето. 2. Развие малку, во некоја мера или развие малку повеќе. Вежбите го поразвија, го зајакнаа неговото тело. Читањето ја поразви неговата љубов кон литературата. Во тие услови тој можеше да ја поразвие својата политичка активност. Успеав да ги поразвијам своите мисли. Постепено автомобилот поразви полна брзина. ● се ~ Се развие малку, во некој степен. Тоа лето детето се поразви во вистинско момче. ‖ (се) поразвива, (се) поразвиваат несв.