порив

Именка, машки род

Книжевен збор.

Значење на порив:

1. а) Силна желба, стремеж да се направи, да се изврши нешто; воодушевување, елан. Во него имаше надеж и човечки незапирлив порив кон иднината. Музиката будеше во него младешки пориви. Творечки порив. Уметнички порив. б) Силно изразување на некакво чувство, расположение и сл. Тој бил преполн со чист порив на љубов. Емоционален порив.

2. Инстинкт, нагон. Природен порив.

Множина: пориви.

Оригинални податоци:

порив, мн. пориви м. (книж.) 1. а) Силна желба, стремеж да се направи, да се изврши нешто; воодушевување, елан. Во него имаше надеж и човечки незапирлив порив кон иднината. Музиката будеше во него младешки пориви. Творечки порив. Уметнички порив. б) Силно изразување на некакво чувство, расположение и сл. Тој бил преполн со чист порив на љубов. Емоционален порив. 2. Инстинкт, нагон. Природен порив.