пороби
Значење на пороби:
1. Одземе независност, фрли во ропство, претвори во роб. Кога ја поробија земјата, тој зеде пушка и замина в планина. Тие го поробиле народот и го присилувале да се изразува на туѓ јазик.
2. (ретко) поплени.
3. (ретко) зароби.
Конјугација: поробат.
Изведени зборови:
- поробување, глаг. им. ср.
- се ~ пороби, в. зароби се.
- (се) поробува, глаг. несв. (се) поробуваат
Оригинални податоци:
пороби, поробат св. 1. Одземе независност, фрли во ропство, претвори во роб. Кога ја поробија земјата, тој зеде пушка и замина в планина. Тие го поробиле народот и го присилувале да се изразува на туѓ јазик. 2. (ретко) в. поплени. 3. (ретко) в. зароби. ● се ~ в. зароби се. ‖ (се) поробува, (се) поробуваат несв. ‖ глаг. им. поробување ср.