породи
Значење на породи:
1. Укаже помош при раѓање. Бабицата ја породи.
2. (прен., книж.) Предизвика, создаде, причини. Најважно е како се чита книгата и какви чувства и мисли породила таа кај нив.
Коњугација: породат.
Изведени зборови:
- породување, глаг. им. ср.
- се ~ породи, 1. За жена – роди, добие дете. Таа се породи. 2. (прен., книж.) Настане, се создаде. Секакви сомненија ќе се породат кај луѓето.
- (се) породува, глаг. несв. (се) породуваат
Оригинални податоци:
породи, породат св. 1. Укаже помош при раѓање. Бабицата ја породи. 2. (прен., книж.) Предизвика, создаде, причини. Најважно е како се чита книгата и какви чувства и мисли породила таа кај нив. ● се ~ 1. За жена – роди, добие дете. Таа се породи. 2. (прен., книж.) Настане, се создаде. Секакви сомненија ќе се породат кај луѓето. ‖ (се) породува, (се) породуваат несв. ‖ глаг. им. породување ср.