пороси

Глагол, свршен

Значење на пороси:

1. За дожд – роси малку, некое време. Утрото пороси ситен дождец.

2. Испрска со капки вода, навлажни малку; ороси. Ги пороси алиштата и фати да пегла.

Конјугација: поросат.

Изведени зборови:

  • поросува, глаг. повт. поросуваат

Оригинални податоци:

пороси, поросат св. 1. За дожд – роси малку, некое време. Утрото пороси ситен дождец. 2. Испрска со капки вода, навлажни малку; сп. ороси. Ги пороси алиштата и фати да пегла. ‖ поросува, поросуваат повт.