порта

Именка, женски род

Значење на порта:

1. Голема дворна (куќна) врата откај улицата. Тропна портата во дворот и тој излезе во тремот. Излегуваше често на порта и правеше муабет со жените.

2. Влезна, обично голема врата на градски бедем, на некаков објект, зграда, фабрика и сл. На другата страна од улицата беше широката порта на тутунската фабрика. Широко се отвори градската порта. Ги стокми големите поли од портата манастирска.

Множина: порти.

Изведени зборови:

  • порте, и. ж. мн. портиња -- портиче, мн. портичиња ср. и портичка, мн. портички дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Висока порта (Портата) – (истор.) дипломатски назив за владата на Османлиската Империја. Триумфална порта – градба во вид на лак подигната во чест на некоја голема победа, триумф.

Оригинални податоци:

порта, мн. порти ж. 1. Голема дворна (куќна) врата откај улицата. Тропна портата во дворот и тој излезе во тремот. Излегуваше често на порта и правеше муабет со жените. 2. Влезна, обично голема врата на градски бедем, на некаков објект, зграда, фабрика и сл. На другата страна од улицата беше широката порта на тутунската фабрика. Широко се отвори градската порта. Ги стокми големите поли од портата манастирска. ◊ Висока порта (Портата) – (истор.) дипломатски назив за владата на Османлиската Империја. Триумфална порта – градба во вид на лак подигната во чест на некоја голема победа, триумф. ‖ порте, мн. портиња / портиче, мн. портичиња ср. и портичка, мн. портички ж. дем.