портфељ
Значење на портфељ:
1. Кожен паричник со повеќе прегради. Тој го извади портфељот да плати.
2. Голема чанта со прегради за носење ракописи, документи и сл. Го зеде портфељот со актите и влезе во кабинетот.
3. Министерство, ресор на министерство.
Множина: портфели.
Фразеолошки израз / поговорка:
Министер без портфељ – министер што не раководи со министерство; министер без ресор.
Оригинални податоци:
портфељ, мн. портфели м. 1. Кожен паричник со повеќе прегради. Тој го извади портфељот да плати. 2. Голема чанта со прегради за носење ракописи, документи и сл. Го зеде портфељот со актите и влезе во кабинетот. 3. Министерство, ресор на министерство. ◊ Министер без портфељ – министер што не раководи со министерство; министер без ресор.