портрет

Именка, машки род

Значење на портрет:

1. Претставување на човечки лик на фотографија, уметничка слика или скулптура. Семеен портрет.

2. Опис на лик и карактер во книжевно или публицистичко дело.

3. Краток опис во кој се претставуваат личноста и делото на писател или на некоја друга личност. Вечерта беа претставени портрети и изданија на досегашните добитници на „Златниот венец“.

Множина: портрети.

Изведени зборови:

  • портретски, прид. портретскиот

Оригинални податоци:

портрет, мн. портрети м. 1. Претставување на човечки лик на фотографија, уметничка слика или скулптура. Семеен портрет. 2. Опис на лик и карактер во книжевно или публицистичко дело. 3. Краток опис во кој се претставуваат личноста и делото на писател или на некоја друга личност. Вечерта беа претставени портрети и изданија на досегашните добитници на „Златниот венец“. ‖ портретски, портретскиот прид.