поруча

Глагол, свршен

Значење на поруча:

1. појаде_1 Се изми, поруча и излезе надвор.

2. Покасне малку. Кај ручек време дојдоа и гостите, си поручаа и си отидоа.

Коњугација: поручаат.

Изведени зборови:

  • поручува, глаг. несв. поручуваат
  • поручување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

поруча, поручаат св. 1. в. појаде 1. Се изми, поруча и излезе надвор. 2. Покасне малку. Кај ручек време дојдоа и гостите, си поручаа и си отидоа. ‖ поручува, поручуваат несв. ‖ глаг. им. поручување ср.