посака
Значење на посака:
1. Замоли некого, побара некому нешто. Тие му посакаа петстотини лири. Парохот ги посака од внуката клучевите од собата.
2. а) Има, покаже, изрази желба нешто да оствари, да има. Секогаш го постигнува тоа што ќе го посака. Тој посака да ја види. б) Изрази добри желби некому. Тие му посакаа успех во работата.
3. Побара рака на девојка за себе или за некој друг; запроси 2. Неа ја промажи набрзина, за првиот човек што дојде да ја посака.
Коњугација: посакаат.
Изведени зборови:
- посакува, глаг. несв. посакуваат
- посакување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
посака, посакаат св. 1. Замоли некого, побара некому нешто. Тие му посакаа петстотини лири. Парохот ги посака од внуката клучевите од собата. 2. а) Има, покаже, изрази желба нешто да оствари, да има. Секогаш го постигнува тоа што ќе го посака. Тој посака да ја види. б) Изрази добри желби некому. Тие му посакаа успех во работата. 3. Побара рака на девојка за себе или за некој друг; сп. запроси 2. Неа ја промажи набрзина, за првиот човек што дојде да ја посака. ‖ посакува, посакуваат несв. ‖ глаг. им. посакување ср.