посебен

Придавка

Значење на посебен:

1. Што е одделен, одвоен од другите, што постои самостојно меѓу другите, што не е дел од некаква целина. Него го сместиле во посебна соба.

2. Што се разликува од другите; исклучителен. Во нашата азбука за секој глас има посебен знак. Нејзините зборови не оставија некој посебен впечаток.

Членувана форма: посебниот.

Оригинални податоци:

посебен, посебниот прид. 1. Што е одделен, одвоен од другите, што постои самостојно меѓу другите, што не е дел од некаква целина. Него го сместиле во посебна соба. 2. Што се разликува од другите; исклучителен. Во нашата азбука за секој глас има посебен знак. Нејзините зборови не оставија некој посебен впечаток.