поседи

Глагол, свршен

Значење на поседи:

1. Седи малку. Поседете вие, дури да стигне вечерата. Јас ќе поседам со тебе во дворот.

2. Престојува малку некаде. Тој поседе во Прилеп четири-пет дена. Поседи на воздух и ќе ти помине.

Конјугација: поседат.

Изведени зборови:

  • поседува, глаг. повт. поседуваат
  • поседување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

поседи, поседат св. 1. Седи малку. Поседете вие, дури да стигне вечерата. Јас ќе поседам со тебе во дворот. 2. Престојува малку некаде. Тој поседе во Прилеп четири-пет дена. Поседи на воздух и ќе ти помине. ‖ поседува, поседуваат повт. ‖ глаг. им. поседување ср.