поседува 2
Значење на поседува:
1. Има во посед, има во сопственост. Таа поседува голем имот. Денес секое семејство поседува телефон.
2. (книж.) Има како карактеристика, својство, особина. Марко Цепенков поседувал и посебни квалитети што се услов за успешно запишување на народни поетски творби. Романот поседува голема естетска и уметничка вредност.
Конјугација: поседуваат.
Изведени зборови:
- поседување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
поседува2, поседуваат несв. 1. Има во посед, има во сопственост. Таа поседува голем имот. Денес секое семејство поседува телефон. 2. (книж.) Има како карактеристика, својство, особина. Марко Цепенков поседувал и посебни квалитети што се услов за успешно запишување на народни поетски творби. Романот поседува голема естетска и уметничка вредност. ‖ глаг. им. поседување ср.