посее
Значење на посее:
1. Засее нива и сл., фрли семе за да никне. Задутре нивата сигурно ќе биде посеана. Верувајте, дури ни жито годинава не посеав.
2. Со сеење (низ сито, решето и сл.) пречисти мало количество од нешто што се сее (брашно, жито, песок и сл.) 3. (прен.) Внесе, рашири меѓу луѓето нешто (идеи, гласови; смут, раздор итн.). Тој посеал раздор меѓу луѓето. 4. (прен., разг.) Изгуби нешто. Тогаш виде дека клучевите ги посеал некаде по пат.
3. Сее малку, кратко време.
Коњугација: (ќе) посеев , (ќе) посееја , (ќе) посеел , посеав , посеаја , посеал , посеан , посеат , посеен, посеј , посејте .
Изведени зборови:
- посева, глаг. несв. посеваат -- посејува, посејуваат
- посевање, глаг. им. ср. посевање /посејување
Фразеолошки израз / поговорка:
Што ќе си посееш, тоа ќе си жнееш / Што си посеал, тоа ќе ти никне (посл.)
Оригинални податоци:
посее, посеат; посеј, посејте; посеав, посеаја; посеал; посеан; (ќе) посеев, (ќе) посееја; (ќе) посеел; посеен св. 1. Засее нива и сл., фрли семе за да никне. Задутре нивата сигурно ќе биде посеана. Верувајте, дури ни жито годинава не посеав. 2. Со сеење (низ сито, решето и сл.) пречисти мало количество од нешто што се сее (брашно, жито, песок и сл.) 3. (прен.) Внесе, рашири меѓу луѓето нешто (идеи, гласови; смут, раздор итн.). Тој посеал раздор меѓу луѓето. 4. (прен., разг.) Изгуби нешто. Тогаш виде дека клучевите ги посеал некаде по пат. 5. Сее малку, кратко време. ◊ Што ќе си посееш, тоа ќе си жнееш / Што си посеал, тоа ќе ти никне (посл.) ‖ посева, посеваат / посејува, посејуваат несв. ‖ глаг. им. посевање /посејување ср.