посен

Придавка

Значење на посен:

1. Што не содржи продукти од животинско потекло (месо, маст, млеко, јајца); мрсен. Посно јадење. Посен грав. Посни сарми.

2. Што содржи малку маснотии. Посно сирење.

3. Што се однесува на пост. Петок е посен ден.

4. За земја – што е сиромашна со определени состојки. Нивата е малечка, посна и каменеста. Посна земја.

5. (прен.) Што е празен, сиромашен. Некои песни беа анемични, со посна, скромна мелодиска инвенција.

Членувана форма: посниот.

Оригинални податоци:

посен, посниот прид. 1. Што не содржи продукти од животинско потекло (месо, маст, млеко, јајца); спрот. мрсен. Посно јадење. Посен грав. Посни сарми. 2. Што содржи малку маснотии. Посно сирење. 3. Што се однесува на пост. Петок е посен ден. 4. За земја – што е сиромашна со определени состојки. Нивата е малечка, посна и каменеста. Посна земја. 5. (прен.) Што е празен, сиромашен. Некои песни беа анемични, со посна, скромна мелодиска инвенција.