посета

Именка, женски род

Значење на посета:

1. а) Одење кај некого на гости, на видување, на разговор. Тој се сеќаваше на нејзините ретки, краткотрајни посети. Во себе ја нагаѓам причината за оваа ненадејна посета. б) Одење за да се види некоја знаменитост или некое место. Тоа беше неговата прва посета на Виена. За учесниците беше организирана посета на манастирот. в) Одење на делегација, на претставници на власт, установа, организација итн. на средба од службени потреби. Официјална посета. Службена посета. Работна посета.

2. Редовен лекарски преглед на болен; визита. Лекарска посета.

Множина: посети.

Фразеолошки израз / поговорка:

Домашна посета – лекарски преглед во домот на болниот.

Оригинални податоци:

посета, мн. посети ж. 1. а) Одење кај некого на гости, на видување, на разговор. Тој се сеќаваше на нејзините ретки, краткотрајни посети. Во себе ја нагаѓам причината за оваа ненадејна посета. б) Одење за да се види некоја знаменитост или некое место. Тоа беше неговата прва посета на Виена. За учесниците беше организирана посета на манастирот. в) Одење на делегација, на претставници на власт, установа, организација итн. на средба од службени потреби. Официјална посета. Службена посета. Работна посета. 2. Редовен лекарски преглед на болен; визита. Лекарска посета. ◊ Домашна посета – лекарски преглед во домот на болниот.