посети
Значење на посети:
1. а) Отиде кај некого на видување, на разговор. Утредента тие ги посетија своите роднини. Новинарите побараа дозвола да те посетат и лично да разговараат со тебе. б) Отиде некаде, отиде да види некоја знаменитост или некое место. Тие го посетија родниот крај. Учесниците го посетија Музејот на Македонија.
2. (прен., книж., ретко) За настан, состојба – дојде, настапи, се појави. Но од каде знаел тој патник кога ќе го посети смртта. Бргу го посети сонот.
3. Пребара, види на интернет некаква содржина. За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страна.
Конјугација: посетат.
Изведени зборови:
- посетува, глаг. несв. посетуваат 1. в. посети 1. 2. Редовно посетува нешто (училиште, курс, предавања и сл.). Тоа училиште го посетуваа и децата од околните села. Тој посетува курс по компјутери.
- посетување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
посети, посетат св. 1. а) Отиде кај некого на видување, на разговор. Утредента тие ги посетија своите роднини. Новинарите побараа дозвола да те посетат и лично да разговараат со тебе. б) Отиде некаде, отиде да види некоја знаменитост или некое место. Тие го посетија родниот крај. Учесниците го посетија Музејот на Македонија. 2. (прен., книж., ретко) За настан, состојба – дојде, настапи, се појави. Но од каде знаел тој патник кога ќе го посети смртта. Бргу го посети сонот. 3. Пребара, види на интернет некаква содржина. За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страна. ‖ посетува, посетуваат несв. 1. в. посети 1. 2. Редовно посетува нешто (училиште, курс, предавања и сл.). Тоа училиште го посетуваа и децата од околните села. Тој посетува курс по компјутери. ‖ глаг.им. посетување ср.