посини 1
Значење на посини:
1. Законски усвои, посвои машко дете, давајќи му ги сите права на син. Жената сакала да го посини момчето.
2. Законски усвои, посвои дете давајќи му ги сите права како на родено дете; посвои 2. Тие си посинија дете.
Конјугација: посинат.
Изведени зборови:
- посинува, глаг. несв. посинуваат
- посинување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
посини1, посинат св. 1. Законски усвои, посвои машко дете, давајќи му ги сите права на син. Жената сакала да го посини момчето. 2. Законски усвои, посвои дете давајќи му ги сите права како на родено дете; посвои 2. Тие си посинија дете. ‖ посинува, посинуваат несв. ‖ глаг. им. посинување ср.