посини 2

Глагол, свршен

Значење на посини:

1. Направи нешто да стане сино. Мастилото му го посини ракавот на кошулата.

2. Стане син, добие сина боја. Рацете им посинеа од студот.

Коњугација: (го) посинив , (го) посинија , (го) посинил , посинат , посинеа , посинев , посинел , посинет, посинете , посини .

Изведени зборови:

  • посинува, глаг. несв. посинуваат
  • посинување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

посини2, посинат; посини, посинете; посинев, посинеа; посинел; (го) посинив, (го) посинија; (го) посинил; посинет св. 1. Направи нешто да стане сино. Мастилото му го посини ракавот на кошулата. 2. Стане син, добие сина боја. Рацете им посинеа од студот. ‖ посинува, посинуваат несв. ‖ глаг. им. посинување ср.