посипе
Значење на посипе:
1. Со сипење прекрие некаква површина со нешто што се сипе (шеќер, брашно, песок и сл.). Кифличките ги посипа со шеќер. Патеката ја посипа со ситен чакал. Дворот беше посипан со ситен дробен камен.
2. Полие со течност, потури. Жената ја подигна кофата и му посипа вода за да се измие.
Конјугација: (ќе) посипеа , (ќе) посипев , (ќе) посипел, посипаа , посипав , посипал , посипан , посипат , посипете , посипи .
Изведени зборови:
- посипување, глаг. им. ср.
- се ~ посипе, 1. Се потури. Се посипа со вода за да се освежи. 2. (прен.) Густо или делумно се прекрие со нешто. Небото се посипа со ѕвезди.Челото му се посипа со капки пот.
- (се) посипува, глаг. несв. (се) посипуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Се посипа со пепел – (пејор.) се покае, јавно признае (обично неискрено, лицемерно) вина за нешто.
Оригинални податоци:
посипе, посипат; посипи, посипете; посипав, посипаа; посипал; посипан; (ќе) посипев, (ќе) посипеа; (ќе) посипел св. 1. Со сипење прекрие некаква површина со нешто што се сипе (шеќер, брашно, песок и сл.). Кифличките ги посипа со шеќер. Патеката ја посипа со ситен чакал. Дворот беше посипан со ситен дробен камен. 2. Полие со течност, потури. Жената ја подигна кофата и му посипа вода за да се измие. ● се ~ 1. Се потури. Се посипа со вода за да се освежи. 2. (прен.) Густо или делумно се прекрие со нешто. Небото се посипа со ѕвезди.Челото му се посипа со капки пот. ◊ Се посипа со пепел – (пејор.) се покае, јавно признае (обично неискрено, лицемерно) вина за нешто. ‖ (се) посипува, (се) посипуваат несв. ‖ глаг. им. посипување ср.