после
Значење на после:
1. Потоа, по некое време. Се напи од водичката, а после го извади кавалчето и почна да свири. После, постепено и полека, почна да го обзема радост. После со оној свој бавен чекор отиде до својот шатор.
2. Во набројување – понатаму. Прво бил учител во охридското село Белица, а после во Охрид.
3. По претходно кажаното, стореното; тогаш. Кажи после дека немам право! Да не избрзаш, после ќе ти биде криво.
4. Освен тоа, покрај тоа. После и не сакам да те навлечам во некоја непријатност под стари години.
5. За засилување на предлогот по во временска употреба. По еден саат после тој му го изложил своето решение.
6. Како компаратив – попосле: малку подоцна. Попосле се дозна сѐ. Сега, или попосле, неговата мисла мораше да стигне до нив.
7. Како суперлатив – најпосле: а) На крајот, конечно. Тој најпосле претпазливо ја отвори вратата. Најпосле се согласиле некако. б) При набројување – сосема на крај, последно. Тој му ги гледаше плеќите, потоа клашените бечви и најпосле опинците.
Оригинални податоци:
после прил. 1. Потоа, по некое време. Се напи од водичката, а после го извади кавалчето и почна да свири. После, постепено и полека, почна да го обзема радост. После со оној свој бавен чекор отиде до својот шатор. 2. Во набројување – понатаму. Прво бил учител во охридското село Белица, а после во Охрид. 3. По претходно кажаното, стореното; тогаш. Кажи после дека немам право! Да не избрзаш, после ќе ти биде криво. 4. Освен тоа, покрај тоа. После и не сакам да те навлечам во некоја непријатност под стари години. 5. За засилување на предлогот по во временска употреба. По еден саат после тој му го изложил своето решение. 6. Како компаратив – попосле: малку подоцна. Попосле се дозна сѐ. Сега, или попосле, неговата мисла мораше да стигне до нив. 7. Како суперлатив – најпосле: а) На крајот, конечно. Тој најпосле претпазливо ја отвори вратата. Најпосле се согласиле некако. б) При набројување – сосема на крај, последно. Тој му ги гледаше плеќите, потоа клашените бечви и најпосле опинците.