последен

Придавка

Значење на последен:

1. Што е на самиот крај од нешто, по кој не следува нешто друго. Тоа беа последните посетители на изложбава за овој ден. Таа ја отвори последната соба. Повеќето патници дојдени со последниот воз требаше да останат за утре. Тој зборуваше сѐ потивко и последните зборови одвај се чуја.

2. Што се однесува на времето непосредно пред сегашноста, на блиско минато; претходен. Последните неколку дена, чинам се почувствува сигурен, свој, како вистински човек. Последниот пат таа немаше право.

3. Што е останат на крај. Беше тоа еден од последните денови на јуни. Тој во него ја полагаше последната надеж. Тој, навистина, ми е последниот адут. Ова ти е последна можност да се вратиш на факултетот.

4. Конечен, завршен, дефинитивен. Тој го кажа последниот збор. За последен пат ве опоменувам.

5. Што е најнов, штотуку појавен. Таа носеше убава облека, сѐ по последна мода. Ги пречека домаќинката облечена со вкус по последната мода.

6. Што е незначителен, никаков, најдолен, најлош од сите. Тој патуваше во последната класа.

7. (книж.) Штотуку споменат. Последниов, беше вкочанет, безначаен човек, би се рекло.

8. Што се случува на крајот од животот, пред смртта. И се чинеше дека тој ги живее последните минути од животот.

9. Како имен. ср. Селаните го даваа последното. Тоа е она последното што можеме да го сториме еден за друг.

Членувана форма: последниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

До последен здив – до крај. До последен – сите до еден. Со последни сили – со краен напор. До последна капка крв – до самиот крај. До последната пара / до последниот денар – многу, сѐ што има. Ни прв ни последен – има многу такви како тој за кого се зборува.

Оригинални податоци:

последен, последниот прид. 1. Што е на самиот крај од нешто, по кој не следува нешто друго. Тоа беа последните посетители на изложбава за овој ден. Таа ја отвори последната соба. Повеќето патници дојдени со последниот воз требаше да останат за утре. Тој зборуваше сѐ потивко и последните зборови одвај се чуја. 2. Што се однесува на времето непосредно пред сегашноста, на блиско минато; претходен. Последните неколку дена, чинам се почувствува сигурен, свој, како вистински човек. Последниот пат таа немаше право. 3. Што е останат на крај. Беше тоа еден од последните денови на јуни. Тој во него ја полагаше последната надеж. Тој, навистина, ми е последниот адут. Ова ти е последна можност да се вратиш на факултетот. 4. Конечен, завршен, дефинитивен. Тој го кажа последниот збор. За последен пат ве опоменувам. 5. Што е најнов, штотуку појавен. Таа носеше убава облека, сѐ по последна мода. Ги пречека домаќинката облечена со вкус по последната мода. 6. Што е незначителен, никаков, најдолен, најлош од сите. Тој патуваше во последната класа. 7. (книж.) Штотуку споменат. Последниов, беше вкочанет, безначаен човек, би се рекло. 8. Што се случува на крајот од животот, пред смртта. И се чинеше дека тој ги живее последните минути од животот. 10. Како имен. ср. Селаните го даваа последното. Тоа е она последното што можеме да го сториме еден за друг. ◊ До последен здив – до крај. До последен – сите до еден. Со последни сили – со краен напор. До последна капка крв – до самиот крај. До последната пара / до последниот денар – многу, сѐ што има. Ни прв ни последен – има многу такви како тој за кого се зборува.