последица

Именка, женски род

Значење на последица:

Тоа што произлегува од некакво дејство или состојба; тоа што е резултат од некоја причина. Кога ќе ја отстранат причината, ќе исчезне и последицата. Како секогаш, без да му мисли за последиците, истрча до портата. Тој се плашеше од последиците кои ние немавме сили да ги предвидиме.

Множина: последици.

Оригинални податоци:

последица, мн. последици ж. Тоа што произлегува од некакво дејство или состојба; тоа што е резултат од некоја причина. Кога ќе ја отстранат причината, ќе исчезне и последицата. Како секогаш, без да му мисли за последиците, истрча до портата. Тој се плашеше од последиците кои ние немавме сили да ги предвидиме.