последователен

Придавка

Значење на последователен:

1. Што следува непрекинато едноподруго, што се извршува по определен редослед. Тие глаголи изразуваат дејство во неговото одвивање, во неговото последователно вршење.

2. Што се извршува според определена закономерност, што дејствува според некаква логика, без внатрешни противречности; логичен. Нивното признавање и последователната обработка на една вистинска типологија е неопходниот услов за познавањето на текстот. Последователна политика.

3. Што неотстапно следи определени принципи; доследен. Тој беше последователен борец за слобода.

Членувана форма: последователниот.

Оригинални податоци:

последователен, последователниот прид. 1. Што следува непрекинато едноподруго, што се извршува по определен редослед. Тие глаголи изразуваат дејство во неговото одвивање, во неговото последователно вршење. 2. Што се извршува според определена закономерност, што дејствува според некаква логика, без внатрешни противречности; логичен. Нивното признавање и последователната обработка на една вистинска типологија е неопходниот услов за познавањето на текстот. Последователна политика. 3. Што неотстапно следи определени принципи; доследен. Тој беше последователен борец за слобода.