послужи

Глагол, свршен

Значење на послужи:

1. Почести, нагости со јадење, пиење. Жената ги послужи со кафе и слатко. Тој ги покани да седнат и ги послужи со вино.

2. Употреби, искористи нешто со некаква цел. Тоа му послужи како повод сета вина да ја префрли врз нив. Очевидно е дека за негова подлога имаат послужено различни текстови.

3. Служи малку, кратко време. Откако му послужи на царот, тој ја напушти службата.

Конјугација: послужат.

Изведени зборови:

  • послужување, глаг. им. ср.
  • се ~ послужи, 1. Земе од тоа што е послужено. Гостите се послужија со колачите. 2. Употреби, искористи. Ќе се послужиме со неколку примери за илустрација.
  • (се) послужува, глаг. несв. (се) послужуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Го послужи среќата – кога сѐ му оди како што треба, кога среќата му е наклонета.

Оригинални податоци:

послужи, послужат св. 1. Почести, нагости со јадење, пиење. Жената ги послужи со кафе и слатко. Тој ги покани да седнат и ги послужи со вино. 2. Употреби, искористи нешто со некаква цел. Тоа му послужи како повод сета вина да ја префрли врз нив. Очевидно е дека за негова подлога имаат послужено различни текстови. 3. Служи малку, кратко време. Откако му послужи на царот, тој ја напушти службата. ● се ~ 1. Земе од тоа што е послужено. Гостите се послужија со колачите. 2. Употреби, искористи. Ќе се послужиме со неколку примери за илустрација. ◊ Го послужи среќата – кога сѐ му оди како што треба, кога среќата му е наклонета. ‖ (се) послужува, (се) послужуваат несв. ‖ глаг. им. послужување ср.