посочи
Книжевен збор.
Значење на посочи:
1. Покаже нешто, укаже. Ќе посочиме на неколку дела од авторот. Тој го посочи него како пример за добар работник.
2. Определи нешто. Посочи ги сличните примери од другите текстови!
Конјугација: посочат.
Изведени зборови:
- посочува, глаг. несв. посочуваат
- посочување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
посочи, посочат св. (книж.) 1. Покаже нешто, укаже. Ќе посочиме на неколку дела од авторот. Тој го посочи него како пример за добар работник. 2. Определи нешто. Посочи ги сличните примери од другите текстови! ‖ посочува, посочуваат несв. ‖ глаг. им. посочување ср.