поспастри
Значење на поспастри:
1. Спастри малку, донекаде, доведе во некој ред. Поспастри и понареди, за кога ќе дојдам да биде сѐ во ред. Земи поспастри го детево, целото се извалкало.
2. Стави, засолни нешто на посигурно место.
Конјугација: поспастрат.
Изведени зборови:
- (се) поспастира, глаг. несв. (се) поспастираат -- (се) поспаструва, (се) поспаструваат
- се ~ поспастри, Се спастри малку. Таа малку се поспастри и излезе од сопчето.
Оригинални податоци:
поспастри, поспастрат св. 1. Спастри малку, донекаде, доведе во некој ред. Поспастри и понареди, за кога ќе дојдам да биде сѐ во ред. Земи поспастри го детево, целото се извалкало. 2. Стави, засолни нешто на посигурно место. ● се ~ Се спастри малку. Таа малку се поспастри и излезе од сопчето. ‖ (се) поспастира, (се) поспастираат / (се) поспаструва, (се) поспаструваат несв.