посред

Предлог

Зборот ретко се користи.

Значење на посред:

1. Пространствена определба - во средишниот дел на нешто. Замавнал со боздоганот и го удрил посред чело. За инает, ѓубрето го истураат посред улица.

2. Во средината на некоја временска определба. Се случи и тоа чудо - посред лето падна снег на Козјак. сред.

Алтернативно: посреде

Оригинални податоци:

посред и посреде предл. (ретко) 1. Пространствена определба - во средишниот дел на нешто. Замавнал со боздоганот и го удрил посред чело. За инает, ѓубрето го истураат посред улица. 2. Во средината на некоја временска определба. Се случи и тоа чудо - посред лето падна снег на Козјак. сп. сред.