постапка

Именка, женски род

Значење на постапка:

1. Извршување на некакво дејство; начин на дејствување. Тоа бара испитување на постапката на секој автор одделно. При разгледувањето на географската постапка се имаа предвид неколку текстови.

2. Начин на однесување спрема некого или нешто. Тој не се возбудуваше од нејзините постапки спрема него. Добра постапка. Лоша постапка.

3. Водење на службени, судски и др. предмети според точно утврден ред. Судска постапка. Службена постапка. Кривична постапка.

Множина: постапки.

Оригинални податоци:

постапка, мн. постапки ж. 1. Извршување на некакво дејство; начин на дејствување. Тоа бара испитување на постапката на секој автор одделно. При разгледувањето на географската постапка се имаа предвид неколку текстови. 2. Начин на однесување спрема некого или нешто. Тој не се возбудуваше од нејзините постапки спрема него. Добра постапка. Лоша постапка. 3. Водење на службени, судски и др. предмети според точно утврден ред. Судска постапка. Службена постапка. Кривична постапка.