поставен
Значење на поставен:
1. Што е обложен со постава. Здолниште поставено со сатен.
2. Што е избран за вршење некаква служба. Тој е поставен за уредник на издавачката куќа.
3. Што е зададено за решавање, за извршување. Поставени задачи. Поставена цел. Поставено прашање.
4. Што се темели, се заснова врз нешто. Движењето е поставено врз принципите на самостојност.
5. Што е наместено со сѐ што е потребно. Масата во кујната беше веќе поставена.
6. Којшто се поставил во определен однос спрема средината. Тој е добро поставен во тие кругови.
Членувана форма: поставениот.
Изведени зборови:
- поставеност, и. ж.
Оригинални податоци:
поставен, поставениот прид. 1. Што е обложен со постава. Здолниште поставено со сатен. 2. Што е избран за вршење некаква служба. Тој е поставен за уредник на издавачката куќа. 3. Што е зададено за решавање, за извршување. Поставени задачи. Поставена цел. Поставено прашање. 4. Што се темели, се заснова врз нешто. Движењето е поставено врз принципите на самостојност. 5. Што е наместено со сѐ што е потребно. Масата во кујната беше веќе поставена. 6. Којшто се поставил во определен однос спрема средината. Тој е добро поставен во тие кругови. ‖ поставеност ж.