постави 1
Значење на постави:
1. Стави нешто на определено место или во определена положба. Во каналот поставија жица за електрика.
2. Назначи некого за вршење определена должност, служба. Тие одлучија да го постават за управител на гимназијата.
3. Намести, стави на определено место; распореди. Тој постави стража пред куќата. Тој постави стапици во шумата. Вечерта поставија заседа во селото.
4. Стави за разгледување, за решавање. Прашањето го постави за дискусија. Проблемот не е поставен на дневен ред.
5. Организира сценска претстава; режира. Авторот ја постави новата драма во МНТ.
6. Основа, формира, создаде. Тие ги поставиле основите на словенската писменост.
7. Во состав со некои именки - изврши, оствари тоа што е означено со именката. Постави рекорд. Постави дијагноза.
Конјугација: постават.
Изведени зборови:
- поставување, глаг. им. ср.
- се ~ постави, 1. (прен.) Заземе став, се стави во определен однос спрема средината (луѓето, појавите, настаните итн.). Не знаеше како да се постави во семејството.
- (се) поставува, глаг. несв. (се) поставуваат
Оригинални податоци:
постави1, постават св. 1. Стави нешто на определено место или во определена положба. Во каналот поставија жица за електрика. 2. Назначи некого за вршење определена должност, служба. Тие одлучија да го постават за управител на гимназијата. 3. Намести, стави на определено место; распореди. Тој постави стража пред куќата. Тој постави стапици во шумата. Вечерта поставија заседа во селото. 4. Стави за разгледување, за решавање. Прашањето го постави за дискусија. Проблемот не е поставен на дневен ред. 5. Организира сценска претстава; режира. Авторот ја постави новата драма во МНТ. 6. Основа, формира, создаде. Тие ги поставиле основите на словенската писменост. 7. Во состав со некои именки - изврши, оствари тоа што е означено со именката. Постави рекорд. Постави дијагноза. ● се ~ 1. (прен.) Заземе став, се стави во определен однос спрема средината (луѓето, појавите, настаните итн.). Не знаеше како да се постави во семејството. ‖ (се) поставува, (се) поставуваат несв. ‖ глаг. им. поставување ср.