поставка
Значење на поставка:
1. Тврдење, формулирана мисла што се изнесува како став. Сеедно од која поставка ќе тргнеме, тешко ќе се определиме за која и да е дефиниција за поезијата. Теоретска поставка.
2. Основно правило, начело. Поистоветувањето на мислата и битието е основна поставка на учењето на старогрчкиот филозоф.
3. а) Поставување на сцена; сценска обработка. Постои сценска разбиеност во режисерската поставка. б) Прикажување на уметнички или културно-историски предмети на изложба, во музеј и сл. според определен план. Во музејот е изложена националната поставка на македонското современо сликарство.
Множина: поставки.
Оригинални податоци:
поставка, мн. поставки ж. 1. Тврдење, формулирана мисла што се изнесува како став. Сеедно од која поставка ќе тргнеме, тешко ќе се определиме за која и да е дефиниција за поезијата. Теоретска поставка. 2. Основно правило, начело. Поистоветувањето на мислата и битието е основна поставка на учењето на старогрчкиот филозоф. 3. а) Поставување на сцена; сценска обработка. Постои сценска разбиеност во режисерската поставка. б) Прикажување на уметнички или културно-историски предмети на изложба, во музеј и сл. според определен план. Во музејот е изложена националната поставка на македонското современо сликарство.