постеле

Глагол, свршен

Значење на постеле:

1. Раздипли, рашири нешто за да покрие некаква површина со неа. Домаќинката им посла за спиење. Ги послаа наземи палтата и седнаа. На земјено душеме ја посла рогузината. Подот ќе го постеле со раскошен ќилим.

2. Покрие, прекрие со нешто. Масата ја посла со чаршаф и фати да ги реди чиниите.

Коњугација: (ќе) постелеа , (ќе) постелев , (ќе) постелел , послаа , послав , послал , послан , постелат , постелен, постелете , постели .

Изведени зборови:

  • постила, глаг. несв. постилаат
  • постилање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Како ќе си постелеш така ќе си легнеш – како што си направил, така и ќе добиеш.

Оригинални податоци:

постеле, постелат; постели, постелете; послав, послаа; послал; послан; (ќе) постелев, (ќе) постелеа; (ќе) постелел; постелен св. 1. Раздипли, рашири нешто за да покрие некаква површина со неа. Домаќинката им посла за спиење. Ги послаа наземи палтата и седнаа. На земјено душеме ја посла рогузината. Подот ќе го постеле со раскошен ќилим. 2. Покрие, прекрие со нешто. Масата ја посла со чаршаф и фати да ги реди чиниите. ◊ Како ќе си постелеш така ќе си легнеш – како што си направил, така и ќе добиеш. ‖ постила, постилаат несв. ‖ глаг. им. постилање ср.