постои 1

Глагол, свршен

Значење на постои:

1. Стои малку, кратко време на едно место. Постојавме на скалилата некое време, како да се колебавме. Постој да те почестам.

2. Отседи, отстои, мирува некое време. Течноста нека постои неколку дена на темно место.

Конјугација: (ќе) постоев , (ќе) постоеја , (ќе) постоел, постоија , постој , постојаа и постоив , постојав , постојал и постоил , постојан и постоен , постојат , постојте .

Изведени зборови:

  • постојува, глаг. несв. постојуваат повт.

Оригинални податоци:

постои1, постојат; постој, постојте; постојав, постојаа и постоив, постоија; постојал и постоил; постојан и постоен; (ќе) постоев, (ќе) постоеја; (ќе) постоел св. 1. Стои малку, кратко време на едно место. Постојавме на скалилата некое време, како да се колебавме. Постој да те почестам. 2. Отседи, отстои, мирува некое време. Течноста нека постои неколку дена на темно место. ‖ постојува, постојуваат несв. повт.