постојан

Придавка

Значење на постојан:

1. Што се одвива постојано, без прекин; непрекинлив. Тоа му беше постојана грижа. Тоа можат да го направат само оние луѓе што се навикнале на постојана работа. Денес имаме постојан пораст на цените.

2. Што трае подолго, што не е привремен. Таа година тој доби постојана работа. Тој беше поставен за постојан дописник од Париз. Од него ја добивме твојата постојана адреса.

3. Што се извршува, што се случува многу често; редовен, секогашен. Во централната просторија се наоѓа постојана изложба на стари ракописи. Тие беа постојани посетители на неговите концерти. Темелноста и постојаниот труд се најважни за постигнување на резултатите.

4. Што не подлежи на промени; неизменлив, константен. Постојана величина. Постојани коефициенти.

5. Што е неизменлив во карактерот; цврст, непоколеблив. Нам ни треба постојан човек дома. Постојан карактер. Постојана љубов.

Членувана форма: постојаниот.

Изведени зборови:

  • постојано, прил. Лакот не може да се држи постојано затегнат. Модата постојано се менува. Постојано врнеше дожд.

Оригинални податоци:

постојан, постојаниот прид. 1. Што се одвива постојано, без прекин; непрекинлив. Тоа му беше постојана грижа. Тоа можат да го направат само оние луѓе што се навикнале на постојана работа. Денес имаме постојан пораст на цените. 2. Што трае подолго, што не е привремен. Таа година тој доби постојана работа. Тој беше поставен за постојан дописник од Париз. Од него ја добивме твојата постојана адреса. 3. Што се извршува, што се случува многу често; редовен, секогашен. Во централната просторија се наоѓа постојана изложба на стари ракописи. Тие беа постојани посетители на неговите концерти. Темелноста и постојаниот труд се најважни за постигнување на резултатите. 4. Што не подлежи на промени; неизменлив, константен. Постојана величина. Постојани коефициенти. 5. Што е неизменлив во карактерот; цврст, непоколеблив. Нам ни треба постојан човек дома. Постојан карактер. Постојана љубов. ‖ постојано прил. Лакот не може да се држи постојано затегнат. Модата постојано се менува. Постојано врнеше дожд.