построи
Значење на построи:
1. Стави во строј, постави во редови. Учителот ги построи двајца по двајца.
2. (ретко) изгради.
Конјугација: (ќе) построев , (ќе) построеја , (ќе) построел, построија , построј , постројаа и построив , постројав , постројал и построил , постројан и построен , постројат , постројте .
Изведени зборови:
- постројување, глаг. им. ср.
- се ~ построи, Застане во строј, во ред. Четата се построи на падината.
- (се) постројува, глаг. несв. (се) постројуваат
Оригинални податоци:
построи, постројат; построј, постројте; постројав, постројаа и построив, построија; постројал и построил; постројан и построен; (ќе) построев, (ќе) построеја; (ќе) построел св. 1. Стави во строј, постави во редови. Учителот ги построи двајца по двајца. 2. (ретко) в. изгради. ● се ~ Застане во строј, во ред. Четата се построи на падината. ‖ (се) постројува, (се) постројуваат несв. ‖ глаг. им. постројување ср.