посвети 1
Значење на посвети:
1. а) Се предаде, оддели целосно внимание на некого или нешто, на некаква дејност. Сиот свој живот го посветила на згрижување на децата. Целиот утрешен ден ќе го посветам на посети.
2. Направи нешто, некоја содржина, предмет на проучување, разгледување, оценка. Неколку предавања и беа посветени на македонската литература.
3. Намени книга, творба некому во знак на почит, љубов, благодарност. Својата книга им ја посвети на најблиските.
4. Упати некого во нешто тајно. Старецот ги посветил во својата тајна.
Конјугација: посветат.
Изведени зборови:
- посветување, глаг. им. ср.
- се ~ посвети, Се оддаде, се предаде целосно на некого или на нешто. Сега можам да одберам работа и да се посветам на неа. Неговиот брат беше се посветил на науката.
- (се) посветува, глаг. несв. (се) посветуваат
Оригинални податоци:
посвети1, посветат св. 1. а) Се предаде, оддели целосно внимание на некого или нешто, на некаква дејност. Сиот свој живот го посветила на згрижување на децата. Целиот утрешен ден ќе го посветам на посети. 2. Направи нешто, некоја содржина, предмет на проучување, разгледување, оценка. Неколку предавања и беа посветени на македонската литература. 3. Намени книга, творба некому во знак на почит, љубов, благодарност. Својата книга им ја посвети на најблиските. 4. Упати некого во нешто тајно. Старецот ги посветил во својата тајна. ● се ~ Се оддаде, се предаде целосно на некого или на нешто. Сега можам да одберам работа и да се посветам на неа. Неговиот брат беше се посветил на науката. ‖ (се) посветува, (се) посветуваат несв. ‖ глаг. им. посветување ср.