посвети 2
Значење на посвети:
1. Изврши црковен обред на осветување.
2. Воведе во некаков сталеж, чин вршејќи утврден обред. Изутрината ќе се извршат потребните обреди за да ќе биде посветен во витешко звање.
Конјугација: посветат.
Изведени зборови:
- посветување, глаг. им. ср.
- се ~ посвети, Стане светец.
- (се) посветува, глаг. несв. (се) посветуваат
Оригинални податоци:
посвети2, посветат св. 1. Изврши црковен обред на осветување. 2. Воведе во некаков сталеж, чин вршејќи утврден обред. Изутрината ќе се извршат потребните обреди за да ќе биде посветен во витешко звање. ● се ~ Стане светец. ‖ (се) посветува, (се) посветуваат несв. ‖ глаг. им. посветување ср.