посвои
Значење на посвои:
1. Земе сосила нешто туѓо во своја сопственост, присвои насила. Тој ми ја зеде книгата и си ја посвои.
2. Законски усвои, посвои дете, давајќи му ги сите права како на родено дете; посини 2. Тие си посвоија дете.
Конјугација: (ќе) посвоев , (ќе) посвоеја , (ќе) посвоел , посвоен, посвоив , посвоија , посвоил , посвој , посвојат , посвојте .
Изведени зборови:
- посвојува, глаг. несв. посвојуваат
- посвојување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
посвои, посвојат; посвој, посвојте; посвоив, посвоија; посвоил; (ќе) посвоев, (ќе) посвоеја; (ќе) посвоел; посвоен св. 1. Земе сосила нешто туѓо во своја сопственост, присвои насила. Тој ми ја зеде книгата и си ја посвои. 2. Законски усвои, посвои дете, давајќи му ги сите права како на родено дете; сп. посини 2. Тие си посвоија дете. ‖ посвојува, посвојуваат несв. ‖ глаг. им. посвојување ср.