пот
Само во еднина.
Значење на пот:
1. Безбојна, солена течност што ја лачат потните жлезди, која се исфрла преку порите на кожата. Челото му беше оросено со капки пот. Го облеа студена пот.
2. (прен.) Труд, напорна работа. Секое зрно жито натопено е со негова пот.
Членувана форма: потта.
Фразеолошки израз / поговорка:
Спечалено (заработено, стекнато) со пот – со голем труд, со мака. Со крвава пот – со голем труд, со мака. Бара (сака) пот – бара (сака) да се вложи труд.
Оригинални податоци:
пот, потта (само едн.) м. 1. Безбојна, солена течност што ја лачат потните жлезди, која се исфрла преку порите на кожата. Челото му беше оросено со капки пот. Го облеа студена пот. 2. (прен.) Труд, напорна работа. Секое зрно жито натопено е со негова пот. ◊ Спечалено (заработено, стекнато) со пот – со голем труд, со мака. Со крвава пот – со голем труд, со мака. Бара (сака) пот – бара (сака) да се вложи труд.